По карантинот зголемено користење на јавниот превоз во Атина
Бројот на поништени билети во јавниот превоз во Атина во понеделникот на први јуни, бил за 104 отсто поголем во споредба со еден месец претходно, односно на првиот ден по укинувањето на забраната за движење, покажуваат податоците Организацијата за градски превоз, што ги пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА.
Поконкретно, на 4 мај биле поништени 457.574 билети, додека пак во понеделникот 931.876 билети, но иако има зголемување од над 100 проценти, сепак оваа бројка е за 50 отсто помала во споредба со јуни минатата година, јави дописничката на МИА од Атина.
Со постепеното олабавување на мерките и со секоја следна фаза што се воведуваше секој понеделник во текот на минатиот месец, се зголемувал и бројот на патници во јавниот превоз.
За една седмица, бројот на граѓани кои користеле метро, автобус, тролејбус или трамвај, се зголемил за 13,94 проценти.
Ново на Сител
-
Кражба на струја во Кавадарци
-
ЦУК: Шест пожари на отворено изминатото деноноќие, еден сѐ уште активен
-
Сиљановска Давкова - Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на вредностите на ЕУ
-
Блинкен во Брисел во момент кога победата на Трамп го активира алармот за Украина
-
Почина бизнисменот Миодраг Костиќ
-
18-годишно момче загина во Охрид откако со „пежо“ излетал од патот кај „Елешец“
-
Утрово најстудено во Маврови Анови и Попова Шапка
-
Маск доби позиција во администрацијата на Трамп