По изборите во Косово, Вучиќ очекува посилен притисок од САД врз Приштина
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека по изборите во Косово, очекува посилен американски притисок врз Приштина со цел отворање суштински дијалог.
Тој за „Гласот на Америка“ рече дека откако Косово воведе повисоки такси, САД повикува на нивно укинување, затоа што таквите давачки не се само нелегални, туку и спротивни на цивилизациските норми и сè на што почива Америка – слободен пазар, слободно движење на капитал и услуга.
Вучиќ, кој е во посета на САД, рече дека сите чекаат на распишувањето избори во Косово и одржувањето на гласањето.
– Имате четири политички листи, кои се на околу 20 проценти, што го отежнува предвидувањето како ќе одат работите, додаде тој.
Српскиот претседател рече дека изборите најверојатно ќе се одржат на 6 октомври и дека во Приштина се формира влада во декември, по што треба да се очекува посилен притисок за отворање дијалог.
Ново на Сител
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата