По грешка уплатил две ливчиња, па добил куп пари: Исти броеви играл 30 години, еве колку доби
Еден работник во Мелбурн, Австралија освои 46,6 милиони американски долари на лотарија откако по грешка два пати уплатил ливче со истите броеви.
Мажот едното ливче го уплатил во Сент Албанс, а потоа случајно уплатил уште едно ливче со исти броеви на друго продажно место.
Секое ливче поединечно му донело добивка од 23,3 милиони долари, а џекпотот бил толку голем зошто никој не го освои последните седум недели.
Уште еден добитник освои 23,3 милиони долари во Хобарт и допрва треба да ја преземе добивката.
Во случај мажот да уплател едно ливче наместо две, наградата би била поделена меѓу двајцата играчи и секој би добил по 35 милиони долари.
Меѓутоа, бидејќи едниот уплатил две ливчиња, наградата е поделена на три дела, и тоа така што среќниот двоен купувач добил две третини од џекпотот, односно 46,6 милиони долари.
Мажот кој уплатил две ливчиња рекол дека ги игра истите броеви 30 години и дека сега размислува да се пензионира, да купи нова куќа, а можеби и ќе оди на одмор со семејството.
Ново на Сител
-
МНР го повика на консултации амбасадорот во Албанија
-
Ќе се спојуваат разузнавачките агенции, утре на владина седница нови именувања во третиот ешалон
-
Распишан тендер за нова компресорска станица – хируршките сали на Клинички нормално ќе профункционираат во декември
-
Фејсбук измама со криптовалути, злоупотребено името на премиерот
-
Преглед на вести од светот
-
Престрелка во Батинци - Убиен 34 годишен маж
-
Преглед на вестите од светот
-
Има ли можност за нови преговори со Бугарија?