Џет-Сет
31. August 2016 - 11:05

По градник и гаќички: Нашата фолкерка се надмина во провокација на сцена!

Изминатата недела на сцената на Долни Сарај се одржа фестивалот „Охрид фест“ 2016 година, каде во фолк вечерта настапи и младата надежна пејачка Стојне Николова.

Стојне ја отпеа песната „Тебе ти припаѓам“, со музика и текст на Борче Димитров и аранжман на Љупчо Павловски. Песната освои трета награда од стручното жири, а Стојне гордо се пофали со постигнатото.

1stojne

Но, она што најмногу привлече внимание, беше нејзиниот сценски костим сочинет од син корсет надополнет со црн градник и гаќички.

Периодов атрактивната 21 годишна пејачка се труди максимално да го изнесе својот сексапил и смета дека провокативноста е меѓу клучните нешта за успех на сцената.

2stojne