По големата кашлица, масовна вакцинација во струмичко
Појавата на големата кашлица во Скопје и прогласување на епидемија ги исплаши родителите во Струмица и го зголеми интересот за вакцина кај децата. Од службата за вакцинација во Здравствен дом велат дека деновиве бројот на прегледи, но и вакцинации е речиси тројно зголемен. Освен за прегледи и вакцини голем интерес има и за издавање на потврди за установите во кои прeстојуваат децата.
За да им излезе во пресрет на родителите службата за вакцинација воведе и ново, продолжено работно време со две смени, а работат во саботите.
И покрај зголемениот интерес за вакцинација лекарите велат дека во моментов процентот на вакцинирани деца не е на потребното ниво, посебно кај тие од претшколската возраст чиј опфат изнесува околу 80%. Малку подобра е состојбата кај школската возраст каде процентот на имунизирани деца изнесува 93%. Токму затоа апелираат до родителите да не пружат отпор и да ги вакцинираат нивните деца бидејќи тоа е најефикасниот начин за нивна заштита од заразните болести.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар