По еден лекар дневно го напушта Косово
Лекарската комора на Косово, Синдикатот на здравство и косовските пратеници изразија загриженост поради фактот дека околу 90 лекари во последните три месеци го напиштиле Косово, како и поради тоа што таа појава добива се пошироки размери.
Здравствените работници сметаат дека доколку не се преземат итни мерки, Косово набрзо може да се соочи со проблем на недоволен број лекари, објавуваат приштинските медиуми.
Членот на парламентарната Комисија за здравство д-р Хаџи Авдуљи оценува дека таквата ситуација е резултат на лошото управување со здравствениот систем, пренесува Радио телевизија Црна Гора.
- Иако имаме најмал број лекари, лекарите немаат работа. Тоа покажува дека ние не знаеме кои лекари ни се потребни, кои специјализации треба да се одобрат, а тоа нас не чини многу поради губењето на голем потенцијал млади лекари, но и поради тоа што највиталниот дел на општеството бега, изјави тој.
Претседателот на косовската лекарска комора д-р Пљеурат Сејдиу оцени дека доколку продолжи ваквиот тренд на заминување лекари, тоа ќе има лоши последици за земјата, како и дека појавата поприма загрижувачки размери.
- Ова е исклучително загрижувачки, и тоа без оглед на сите пречки за слободно патување и се плашам дека дојдовме до тоа по еден лекар дневно да го напушта Косово, истакна Сејдиу.
- Доколку институциите во земјата не почнат сериозно да работат на решавање на тој проблем, Косово ќе има сериозни проблеми, смета претседателот на Синдикатот на здравство на Косово Блерим Сула.
Претставник на Министерството за здравство на Косово изрази надеж дека нацрт-законот кој гарантира зголемување на платите на здравствените работници кој го усвои Владата ќе ја подобри состојбата и ќе го зајакне достоинството на здравствените работници.
Ново на Сител
-
НАТО го поздрави мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан
-
Сирија одбива да учествува на состаноците со курдските сили во Париз
-
Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија
-
Кабел со кој се крадела електрична енергија предизвикал пожар на куќа и бандера во Чаир
-
Пожар во автобус на ЈСП - во него немало патници
-
Исчезна 16-годишно девојче во Струмица
-
Опожарено возило во Скопје, нема повредени
-
18-годишник тешко повреден по тепачка во Чаир