По две години потрага Арбен пронајден мртов во водите на реката Лепенец
По две години агонија, безживотното тело на исчезнатиот 35-годишен Арбен Аслани од Скопје, беше пронајдено во водите на реката Лепенец во населбата Бардовци, општина Карпош, објави ТВ21. Бекир, таткото на Арбен, вели дека телото го пронашол еден локален жител кој веднаш ја известил полицијата. Таткото истакна дека е разочаран од институциите кои, како што уверува, не преземале мерки за да откријат кој го однел неговиот син. Пред две години безбедносните камери на раскрсниците го снимиле Арбен како се качува во еден автомобил и оттогаш му се губи секаков траг.
Погребот на Арбен ќе се изврши во недела. Таткото на Арбен вели дека конечно го пронашол и може да го погреба синот.
- Со тоа што е пронајден, 50% ми е олеснат товарот. Знам каде му е местото и сега можам да ги организирам сите верски ритуали. Две години живеевме во агонија…, рече Бекир Аслани.
Од Основното јавно обвинителство, велат дека ќе го чекаат извештајот од обдукцијата на телото со цел утврдување на причините за смртта.
Ново на Сител
-
Прилепчанец возел со 1,80 промили алкохол во крвта и со активна забрана за управување возило
-
Приведен возач кој удри 87-годишен пешак во Скопје
-
Реафирмирани ставовите за деблокада на евроинтеграцискиот процес
-
Во Нови Сад протест на средношколци од Србија против онлајн настава
-
Претседателката Сиљановска-Давкова на погребот на Папата Франциск
-
Во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде погребан папата Франциск
-
Променливо облачно и нестабилно, со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Зеленски: Крим и припаѓа на Украина