По две години од „27 април“ правдата се уште постапува по случајот
Шеснаесет осудени на 211 години затвор, еден ослободен од обвинение – оперскиот пејач Игор Дурловски, 15 амнестирани од кои петтмина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ сега во новата независна пратеничка група и организаторите на „За заедничка Македонија“, од скоро и петтмина нови обвинети како организатори на делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски и двајца ексминистри ... ова се клучните бројки од правосудниот епилог по две години од собраниските настани на 27 април.
Политичкиот епилог беше познат уште истиот ден – Талат Џафери беше избран за собраниски спикер, а на Зоран Заев му се отвори патот да ја формира својата влада. Но еден од најкрвавите настани во независна Македонија се уште предизвикува бура на политички и правни реакции.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврди деканастаните се разрешени преку селективна првда. Власта пак, обвинува дека актуелното раковдство на опозциската партија не се оградува од настаните и се уште е поддржано од насилниците. Но, за СДСМ не е спорна амнестијата која беше инцирана од власта за да се обезбедат пратенички гласови за промена на името.
Од Алијансата на Албанците чиј лидер Зијадин Села беше најповреден во настаните пак, коментираат дека Талат Џафери и владејачката ДУИ сосема ја заборавиле симболиката на овој ден кој значел победа на режимот и отворање на патот кон Европската унија и НАТО.
Од Кабинетот на Џефери велат каменот пред влезот на Собранието од каде влезе толпата е на своето место и не е заборавен.
Правната дилема која сега, пак, се отвара е дали на само две недели од истекот на мандатот, шефот на државата Ѓорге Иванов ќе се реши да даде дополнителна аболиција за осудените. Тие му пишаа уште пред неколку недели, но одговор од претседателот се уште немаат.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
