-->
-->
По четирите разводи, познатата актерка бара нова љубов онлајн
-->
Британската глумица Петси Кенсит, која зад себе има четири пропаднати брака, тврди дека едно време се откажала од љубовта, но дека сега одлучила да го побара својот нареден избраник преку интернет.
Искрена, како и секогаш, таа вели дека се уморила од браковите, па сега се забавува барајќи партнер онлајн.
- Мислам дека никогаш повеќе нема да се омажам. Бракот, очигледно, не ми оди од рака. Но, и натаму верувам во љубовта. Ако некогаш повторно се омажам, со партнерот ќе живееме во посебни куќи. Љубовта и романтиката се прекрасни работи, но веќе се предозирав. Сега сум слободна и уживам во тоа, изјави Петси.
Петси беше во брак со Џим Кер, Ден Донован, Џереми Хејли, а нејзин најпознат сопруг досега беше Лиам Галагер, пејачот од групата „Оејзис".
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи