-->
-->
По четири недели започна да се отплеткува убиството на Јелена
-->

По четири недели започна да се отплеткува убиството на пејачката на Гранд, Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, кое го крена регионот на нозе.
Според најновите податови од истрагата, пејачката била најпрво омалксана со некое јако средство кое убиецот и го ставил на устата кога и пришол од зад грб, а потоа ја убил со дрвена палка. Јелена на почетокот се обидела да пружи отпор на монструмот, но не го гребела, туку го удирала со рацете колку што можела во таа положба, па затоа и под нејзините нокти не беа најдени траги од него.
Новите сознанија на полицијата говорат дека убиството било подготвувано долго време. Убиецот и ги знаеч навиките, знаел точно кога ќе помине на насипот кај Црвенка. Имал кај себе подготвено марамица за да ја успие Јелена, а потоа истата и ја ставил преку носот и устата. Девојката пружала отпор, но залудно, средството почнало да делува. Таа паднала на земја, а напаѓачот земал дрвена палка која ја понел со себе и ја удирал по главата. Тој и го скршил черепот, по што дошло до внатрешно крварење, па потоа ја однел несреќната жена и ја фрлил во каналот.
Можно е Јелена и во тој момент да била жива, само онесвестена, па се удавила во водата не можејќи да мрдне, иако не и била ни до колена.
Ѕвездата на Гранд беше убиена на 2 април. Зад себе ја остави 5-годишната ќеркичка Јана.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анчелоти: Нејмар е исклучително важен за нас, тој мора добро да се подготви за Светското првенство
-
Русија казнила 20.000 војници кои одбиле да се борат во Украина
-
Мицкоски: Треба да се провери дали има кривична одговорност за пописот
-
Од есен нова инвестиција од 36 милиони евра во индустриската зона Штип, вработувања за 150 лица
-
УЈП ја започнува дигиталната трансформација на даночниот систем со е-Фактура
-
Во првото тримесечје од годинава, 391 новоевидентирани жртви на насилство во земјава
-
Две лица сакале да му пратат дрога по пошта на затвореник во КП Штип
-
Попладне и вечер облачно со краткотрајен пороен дожд