Македонија
12. January 2021 - 16:38

По четири месеци од уривањето на дивоградбата повторно се гради кај ТЦ Мавровка

По четири месеци од уривањето на дивоградбата на местото каде се наоѓаше кафулето „Фонтана“ кај ТЦ Мавровка, повторно „никнаа“ столбови, налик на метални профили, дознава „360 степени“ .

Од Општина Чаир, велат дека сопственикот на просторот има право да постави лесна конструкција.

„Согласно законот за градење, согласно проектот, сопственикот има дозвола да гo врати објектот во првобитната состојба. Нема бетон, столбовите не се бетонски, тоа е лесна конструкција“, велат од Општината.