По Божиќ ќе биде исплатен вториот заем од 500 милиони евра од Унгарија, најави премиерот Мицкоски
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска соопшти дека исплатата на унгарскиот заем од половина милијарда евра за кој договорот денеска во Будимпешта го потпиша министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска ќе биде на 9 или 10 јануари, како што рече, за да се раздолжиме на 25 јануари.
- Еве имаме милијарда, ја ветивме милијардата. Ги земаме овие 500 милиони за да се раздолжиме во јануари. Се бориме и ова е борба. И во оваа борба, не велам дека нема да помине туку така без да добиеме некаква лузна, ќе има, рече Мицкоски, на новинарско прашање за заемот од Унгарија од каде претходно обезбедивме исто така 500 милиони евра.
Заштедивме, потенцира Мицкоски, најмалку 200 милиони, ако издадевме еврообврзница со каматна стапка сигурно ќе беше над шест проценти.
Премиерот исто така нагласи дека во скоро време се очекуваат најмалку три инфраструктурни проекти за кои многу скоро од денеска јавноста ќе биде информирана.
-Многу добра работа што никој не ја примети, а поминува деновиве е што конечно се одблокираа две големи инвестии во делот на енергетиката и зелената енергија - Сончевиот парк во Битола и Ветерниот парк Богданци 2, тоа што не е направено седум години, рече Мицкоски.
За Ветерниот парк Богданци рече дека бил онака како што го оставиле како раководство од тогашното ЕЛЕМ.
-И сега повторно поминаа овие закони во Парламент. Стотина милиони евра е тоа зелена енергија. Знаете дека од 1.1. 2026 година сите оние што ќе извезуваат во Европската унија ќе мора да имаат потекло на електричната енергија што ја користат да е зелена, ако не е ќе плаќаат даноци. И тоа не обврзува Планот за раст. Затоа е многу важно ова што го правиме. На дневна основа одблокираме процеси, изјави премиерот Мицкоски, кој денеска беше на одбележување на Денот на турската настава во Министерството за политички систем.
Ново на Сител
-
18-годишен мотоциклист почина откако се судри со „бмв“ со швајцарски национални ознаки
-
Собранието ја констатира оставката на претседателката на ДКСК Татјана Димитровска
-
Поништен тендерот за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз
-
Привршува рокот за електронско пријавување за сместување во студентските домови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол и марихуана
-
Директорка на училиште во Виница си ја вработила ќерката како професор по математика, иако немала соодветно образование
-
Активни седум пожари, три под контрола, пристигнува помош од Чешка и Словенија
-
Пленарна седница за интерпелацијата на јавниот обвинител Коцевски