По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама

По апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, опозицијата побара оставка од премиерот Еди Рама, кого го нарекува „шеф на пирамидата на криминалот”.
Според лидерот на демократите Сали Бериша „пирамидата на криминалот се урива благодарение на опозицијата и народот”.
– Се потврдува дека се работи за криминална организација. Несомнено тоа што се случи е заслуга на граѓаните и на опозицијата. Еди Рама треба веднаш да поднесе оставка, поради тоа што е марионета на Сорос во Албанија и е шеф на криминалот во Албанија, изјави Бериша.
Другите опозициски партии, освен барањето за итна оставка на Рама, меѓу другото потсетуваат дека со 46 протести пред општина Тирана барале апсење на Велиај.
Според нив денеска го уапсиле Велиај „за да ја засенат веста дека групата на (Доналд) Трамп што ја водеше неговата претседателска кампања, ќе ја води кампањата на опозицијата за парламентарните избори на 11 мај”.
Во реакцијата на социјалните мрежи, поранешниот лидер на демократите, Љуљзим Баша ја поздрави работата на СПАК за „ударот врз општина Тирана”, која ја нарече „машина за перење пари“.
„Под водство на Ерион Велиај и со поддршка на Еди Рама, Општина Тирана се претвори во жариште на корупција и перална на валкани пари, во служба на мал број луѓе, а не на граѓаните. Крајот на неказнивоста е крај на транзицијата во Албанија, пишува Баша, повикувајќи го Рама под итно да даде оставка.
Пред почетокот на пленарната седница пратениците и министрите на Социјалистичката партија не сакаа пред новинарите да го коментираат случајот.
-Жално е од човечки аспект, но правдата треба да ги истражи обвинувањата, рече Блерина Ѓуламети.
-Правдата нека зборува, кусо одговори Насип Начо.
Како што објавија медиумите, Рама, кој поради овој настан, ја прекина посетата на северниот град Скадар и се врати во Тирана, за вечерва свикал на состанок партиското раководство.
Ново на Сител
-

Србија чува најмногу злато од државите од поранешна Југославија
-

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела
-

Кривична за 19-годишник од Скопје осомничен за обљуба на малолетничка
-

Пронајдени коски кои наликувале на човечки при ископ со багер во близина на стари гробишта во кругот на студентскиот дом „Стив Наумов“
-

Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат, секој граѓанин си е здраворазумен и има одговорност за својот глас
-

ОВР Дебар лиши од слобода лица за семејно насилство и поседување дрога
-

Три лица возеле пребрзо и под дејство на алкохол - СВР Куманово со кривични пријави
-

Истражување: Околу 64 проценти од Италијанците користат вештачка интелигенција при готвење
