По 6.000 денари за првите бебиња од Крива Паланка
Локалната самоуправа на општината додели парична награда од 6.000 денари на првите бебиња жители на Крива Паланка, информираат од општината.
Бидејќи во здравствениот дом „Димитар Арсов“ во Крива Паланка не функционира породилно одделение првородените бебиња паланчани се родиле во Куманово и Скопје.
Станува збор за машко дете, син на Драгица Алексовска од кривопаланечкото село Дренак, роден во Општа болница Куманово на втори месецов и девојче родено на истиот датум, ќерка на Сашка Алексовска од село Кошари која се породила на Гинеколошко-акушерското одделение при Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Двете се жители на Крива Паланка.
Парична награда е доделена и на машко дете, син на Габриела Алексовска од село Узем, која се породила како итен сучај на гинеколошкото одделение во Крива Паланка на деветти јануари.
Согласно одлуката донесена од страна на Советот на општина Крива Паланка седма година по ред градоначалникот Арсенчо Алексовски им доделува симболична сума средства на првите жители на општината.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата