По 42 години се уредува Рудина кај Долнени
За десетина дена треба да заврши комплетното уредување на Рудина кај Долнени каде секоја година се одржува Меѓународниот фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, информираат од локалната самоуправа на Долнени.
Според градоначалникот Боше Милошески, работите се во завршна фаза на амфитеатарното уредување на просторот на Рудина каде 42 години се одржува светски познатиот Фестивал.
- Успеавме да го комплетираме проектот за уредувањето на Рудина. Од Пелагонискиот плански регион и од Агенцијата за рурален развој се обезбедени околу 3 милиони денари. Уредувањето ги опфаќа изградбата на сценски простор и амфитеатар со капацитет за 400 гости. Со тоа Долнени му се оддолжува на Фестивалот кој сите овие години се одржуваше, практично, на ливада. Сега сите исполнители и гости од земјава и странство ќе имаат услови за презентацијата и промоцијата на богатото македонско изворно творештво, изјави Милошески.
За Златко Лашкоски, секретар на Фестивалот, конечно манифестацијата добива свој достоинствен простор, зашто Рудина е лулката на гајдаџиството во Македонија и на светски познатиот гајдаџија Пеце Атанасовски.
- Горди сме што конечно се уреди овој простор и благодарни на големите залагања на градоначалникот. Фестивалот е амбасадор на богатиот македонски изворен фолклор во светот и ни доаѓаат гости отсекаде. Сега Фестивалот се одржува во почетокот на јули, имаме околу 300 учесници, изведувачи на изворните инструменти, гајдата, кавалот, тапанот, зурлата, кемането и исполнители на изворниот мелос. Токму на Рудина фестивалот ги прогласува најдобрите и ја доделува како награда, од името на општината Долнени, „Гајдата на Пеце Атанасовски“ за најдобар странски изведувач, посочи Лашкоски.
Од локалната самоуправа на Долнени велат дека просторот целосно ќе биде уреден до средината на ноември.
Ново на Сител
-
Судењето за случајот „Штекли“ одложено за 9 октомври
-
77-годишна жена од Скопје измамена за 180.000 денари од лажно полициско лице
-
Девет лица загинаа во Одеса откако обилните дождови предизвикаа поплави
-
23-годишен Тетовец со „бмв“ на германски таблички возел 221 на место каде дозволено е 100
-
Кај двајца турски државјани, најдена дрога
-
Минималната плата во Албанија ќе се зголеми на 515 евра до 2026 година, најави албанската министерка за економија
-
Герасимовски: Градиме дом за стари лица, историска инвестиција за пензионерите
-
Анкета: Две третини од Унгарците не сакаат прекин на енергетската трговија со Русија