-->
-->
По 31 година, Луксембург се враќа на „Евровизија“
-->
По 31 година, Луксембург ѝ се враќа на „Евровизија“. Земјата последен пат учествуваше на натпреварот за најдобра песна во 1993 година. На натпреварот, песната испратена од Луксембург е избрана за најдобра пет пати - во 1961, 1965, 1972, 1973 и во 1983 година.
„РТЛ Луксембург“ сега ги откри осумте кандидати што ќе се натпреваруваат за да ја претставуваат државата на „Евровизија“ во 2024 година, која ќе се одржи во Малме, Шведска, на 7, 9 и 11 мај.
Од речиси 300 артисти, „РТЛ Луксембург“ ги избра најдобрите осум. Тие ќе се натпреваруваат во првата сезона на „Luxembourg song contest“. Најавено е песните на осумте најдобри да бидат објавени во наредните недели, пред да се одржи натпреварот во Луксембург на 27 јануари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тешко повреден малолетник во сообраќајка во Кочани
-
МЗ: Над 61.000 граѓани пријавени за вакцинацијата против сезонски грип, досега вакцинирани над 19.000
-
Борел: Орбан оди во Тбилиси, но тој не ја претставува ЕУ
-
Русија ги отфрла обвинувањата за мешање во изборите во Грузија
-
Пронајдена дрога при претрес во Виница
-
Ахмети му пиша и на Мицкоски - Предупредува на загрозена меѓуетничка стабилност
-
Свечена изјава на новоизбраните јавни обвинители
-
Исчезнат е Богољуб Митов - семејството бара помош