По 30-те нови инвестици годинава, најмалку 35 во 2016
Најмалку 35 нови компании следната година ќе донесат и ќе објават одлуки за инвестирање во Македонија, ветува премиерот Никола Груевски во новогодишното обраќање.
Ветувањето за новите инвестици, укажува Груевски, е врз основа на претходно направена анализа и од преговорите на владиниот тим со голем број компании од многу држави, а кои биле во понапредна фаза.
Во годината што изминува премиерот вели дека е остварена и надмината неговата најава за најмалку 25 нови компании со одлука за инвестирање. Оваа година, истакнува, бројот на компании со одлука за инвестиции достигна 30.
Американската „Делфај“, потсетува премиерот, одлучи да инвестира во зоната во Скопје и да вработи 500 луѓе. По успехот во Штип, „Џонсон Контролс“ објави дека отвора нов капацитет во Струмица која ќе отвори 1.500 нови работни места. И германски „Костал“ официјално почна со инвестицијата од 50 милиони евра и со првите од 1.000 вработувања кои треба да ги оствари. Американската „Ки Сејфти Системс“ започна со градба на својот објект во Кичево, а треба да ја заврши градбата до јуни 2016-та. Почна со работа и италијанската „Диатек Макдиа“, со која треба да се вработат 200 луѓе. „Техникал Текстајл“ во Штип ја изгради фабриката во која треба да се вработат вкупно 1.000 луѓе, наведува премиерот Груевски.
Додава и дека „Технохозе“ ја реализираше својата втора инвестиција во зоната во Скопје каде ги започна вработувањата, а „Гентерм“ е во напредна фаза на градба на својата фабрика во Прилеп. Со план за нови 3.000 работни места во Тетово, како што посочува, е инвестицијата од 15 милиони евра на американската корпорација „Леар“. Германски „Маркард“ ја заврши инвестицијата во Велес вредна 35 милиони евра, во новиот капацитет ќе се вработат 600 луѓе, а планираат и проширување на капацитетите. Холандската компанија „Антура“ го отвори својот нов капацитет во Кочани, со план за 300 вработувања. Германски „Акомпласт“ објави дека во јануари почнува изградба на фабриката, а почеток на производството се очекува во април-мај 2016 година.
Премиерот потсетува и дека американски „Капкон“ во Скопје ја отвори новата фабрика за инфлатори за воздушни перничиња со која ќе бидат отворени вкупно 400 работни места. - Во привремениот објект започна со работа втората фабрика на „Амфенол“ во Кочани, со што се вработија 650 лица, а по финширањето на инвестициските дивизии нивната намера е да дојдат до 3500 вработувања. Италијански „Кондево“ инвестира околу 30 милиони евра и гради објект кој треба да вработи над 280 невработени, а истовремено се гради и новата фабрика на германската компанија „ОДВ Електрик“, која ќе се изгради до јуни 2016-та, и ќе се вработат 1.000 невработени од Охрид и Струга. Се потпиша и договорот со „Монтанте груп“ од Италија, со кој ќе се вработат 400 лица, вели Груевски.
Укажува и дека истовремено првпат две домашни компании добавувачи на познати светски брендови објавија дека ќе инвестираат во Технолошко индустриските развојни зони. Тоа се компаниите „Хај Тек“ и „ТТ Плус“ кои заедно треба да вработат 500 невработени лица. Судејќи по тоа со колку компании сме во финална фаза на преговори, очекувам уште поголем број нови фабрики во 2016-та кои ќе отворат нови работни места, истакнува Груевски во обраќањето.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите