-->
-->
По 3 години затвор за поранешните раководители во ЕЛЕМ во Тарифа
-->
По 3 години затвор добија сите тројца обвинети во случајот Тарифа на СЈО. Според судот поранешниот генерален директор на ЕЛЕМ Дејан Бошковски заедно со раководителите Методиј Стоименовски и Ненад Ѓорговски сториле кривично дело злоупотреба на службена положба, односно незаконски набавиле софтвер за потребите на компанијата во вредност од четири милиони евра.
Според обвинението, тројцата обвинети причиниле имотна штета на компанијата од над 450 илјади евра.
Судот го задолжи осудениот Ѓорговски да плати оштета од 20 000 евра, а Стоименовски 30 000евра, во рок од 3 месеци од денот на пресудата.
Елена Милошевска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”
-
Упатство за поефикасна работа
-
Министерство за правда: Оставката на Дамева е добар пример
-
ДУИ поднесе 4 интерпелации
-
Шефовите на дипломатиите на членките на НАТО се среќаваат во Брисел