По 2 години пауза во Радовиш повторно се организира манифестацијата „Самун ем татлија“
Преку презентација на традиционалните специјалитети, радовишкиот самун и татлијата, радовишани овој викенд ја раскажуваат приказната за градот и неговите убавини. После две години пауза повторно се организира манифестацијата „Самун ем татлија“ која има за цел да го промовира Радовиш како гастрономско туристичка дестинација. Според проценките, за време на трите фестивалски денови градот очекува неколку илјади туристи за кои ќе бидат подготвени околу 15.000 самуни. За почетокот на манифестацијата домаќините подготвија и посебен радовишки самун долг четири метри.
Радовишани се посебно горди на нивните гастрономски брендови. Велат се работи за специјалитети кои се подготвуваат само во овој град и тоа по рецепти кои се чуваат и пренесуваат од генерација на генерација.
Годинава во рамки на манифестацијата за прв пат се одржува и меѓународниот фолклорен фестивал „Радовишки собор“ на кој учествуваат ансамбли од земјата и странство, а тридневната програма е збогатена и го голем број македонски музичари.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар