По 17 години расчистен случај на кражба на банка во Атина со одземени над четири милиони евра
– Странски државјанин кој се наоѓа во затвор во Франција е еден од сторителот на кражбата на банка во Атина во 2008 година, кога биле одземени над четири милиони евра, а случајот грчката полиција го расчисти по 17 години, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчката полиција соопштија дека за кражбата на филијалата на банка во населба во северниот дел на Атина за Велигден во 2008 година, бил користен методот „рифифи“, односно непознати лица преку прозор влегле во банката и одзеле пари и вредни предмети од централниот сеф и трезорите, чија вредност надминала 4,000.000 евра.
Со помош на прекуграничната соработка и споредување со базите на податоци на земјите кои ја спроведуваат Прумската конвенција, Управата за криминалистички истраги на грчката полиција успеала да идентификува 53-годишен маж, кој бил инволвиран во случајот, а моментално се наоѓа во затвор во Франција, додека пак за слични дела им е познат и на германските и на косовските власти.
Дополнително било откриено дека обвинетиот бил вмешан и во обид за кражба во филијала на банка во Атина во 2009 година, како и во кражба на сеф и банкомат во супермаркет на островот Крит во 2010 година.
Според грчките медиуми, 53-годишниот маж е со потекло од Косово.
Ново на Сител
-
Македонија ќе одвои 5% од БДП за одбраната, експертите: Одлуката е неопходна, а парите ќе се вратат во економијата
-
Африм Гаши негира негова смена од спикерското столче - во ВРЕДИ се било во ред
-
Левица со интерпелација за Јавниот обвинител
-
Дурмиши: И владината кошница ќе брои 4 члено семејство и ќе биде пореална од онаа на ССМ
-
Признание за Самарџиев
-
Преглед на вестите од светот
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција
-
Левица поднесе интерпелација за Коцевски