По 12.пат во селото Кучково се одржа Ден на крстот
Во месноста Јазбине во селото Кучково денеска се одржа 12. манифестација Ден на крстот.
Според организаторите Општина Ѓорче Петров, на манифестацијата присуствувале над пет илјади гости од повеќе градови од земјата, кои ги забавуваа естрадните уметници Лозано, Ена, Академци, Круме Спасовски, Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски и Владо Дојчиновски.
Во спортскиот дел на програмата, каде се негуваат старите народни спортски игри учествуваа четири екипи: домаќините од Ѓорче Петров, екипите на ЕБР, АРМ и професори по физичко образование од општинските училишта, кои го освоија третото место. Втори беа општина Горче Петров, а првото место го освоија припадниците на ЕБР. Екипите се натпреваруваа во шест дисциплини: тегнење со јаже, фрлање камен од рамо, тегнење со стап, трчање во вреќи, скок во далечина и пилање на труп.
На манифестацијата беа доделени и голем број благодарници и плакети на долгогодишни поддржувачи и помагачи во реализирање на овој најголем настан во скопско и пошироко, а на Архиепископот г.г. Стефан , градоначалникот на општината Сокол Митровски, му додели и подарок по повод неговиот 62 роденден и му се заблагодари за долгогодишната поддршка на овој народен собир.
Општината и оваа година за секој посетител обезбеди бесплатен оброк-војничко гравче со месо, свежо кромитче и леб.
Ново на Сител
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска
-
Цело Скопје е затрупано со ѓубре, неизвесно е дали утре ќе возат автобусите на ЈСП
-
Тошковски очекува безбедни, фер и демократски избори
-
Пулмолошки скрининг утре и задутре во Трубарево