По 12 години шумските полицајци добија чизми, а по 22 години ќе им се зголемат и платите
Припадниците на Шумската полиција по 12 години добија чизми. На денешниот настан по овој повод, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа најави дека најдоцна до март 2021 година Шумската полиција ќе добие и нови летни и зимски униформи.
Како што соопшти Хоџа, на вчерашната владина седница, пак, е усвоена Информацијата за заштита и унапредување на работничките права преку Колективниот договор на овластените службени лица во Шумската полиција, со што по 22 години на шумските полицајци ќе им се зголемат платите и правата.
-Чизмите во наредните денови ќе се дистрибуираат до сите шумски полициски станици. За нивна набавка се искористени 2,5 милиони денари од над десетте милиони колку што чини набавката заедно со униформите. Ние само ја спроведуваме нашата законска обврска која подразбира да се обезбедат сите услови за здравје и безбедност при работа на нашите вработени. Шумската полиција своите работни задачи ги извршува на терен и затоа е клучно да има соодветна лична заштита согласно ЕУ стандардите и меѓународните прописи. Набавените чизми се токму такви, потенцира министерот.
Тој се заблагодари за успешната работа на шумската полиција, потсетувајќи дека вакво признание изминатиов период стигна и од Интерпол.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите на светот
-
Пченицата ќе се откупува по 12 денари, највисока откупна цена досега, рече Трипуновски
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договори за „One Stop“ систем на Табановце-Прешево
-
Љутков даде отчет за сработеното во изминатата година
-
Рекордни 20 милијарди денари вложени во инфраструктура и локален развој
-
Мицкоски најавува данок за лица кои не се брак, вели вклучен е демографскиот аларм
-
Брзи гранични контроли на Табановце