-->
-->
ПМФЛ: Вардар и Шкупи го одиграа единствениот меч без голови
-->

Со четирите средби одиграни попладнево комплетирано е 10.коло во ПМФЛ
На стадион во скопската населба Чаир, шампионот Вардар и Шкупи го одиграа единствениот натпревар на кој немаше постигнато гол во ова коло. Иако вардарци создадоа повеќе можности за гол сепак до крајот на средбата двете мрежи останаа не допрени.
Шкендија го искористи ремито на Вардар и по триумфот на гостувањето во Кратово ја намали предноста на врвот на табелата.
Пелистер во пелагониското дерби ја совлада Победа, додека Ренова со еден гол стигна до трите бода на средбата со Брегалница.
Комплетрни резултати од 10.коло
Работнички – Македонија ЃП 2:1.
Ренова – Брегалница 1:0,
Пелистер – Победа 2:0,
Шкупи – Вардар 0:0 и
Силекс – Шкендија 1:3.
Табела: Вардар 22 бод, Шкендија 20, Работнички 16, Пелистер 15, Ренова 15, Силекс 10, Шкупи 10, Победа 9, Брегалница 7 и Македонија ЃП 6.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Мицкоски: Во посета на Брисел бев приватно со семејството и немав средби со политичари
-

Реакции по говорот на Вучиќ: МПЦ-ОА е темел на македонскиот идентитет, вели Мицкоски
-

Кој стои зад лажната вест дека скопската вода има ешерикија коли?
-

Јадранот гори: Хрватска и Црна Гора се борат со катастрофални пожари
-

Шест пожари и натаму активни
-

Итно е потребна трансплантација на срце кај охриѓанецот Дарко
-

Кебакоски: Трговците ни ја купија пченицата по 10 ден. за да ја продадат поскапо Стокови резерви, државата да ни даде по уште 5 ден. од кг.
