-->
-->
ПМФЛ: Домашни победи за Арсими и Тиквеш
-->

Осмото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) стартуваше денеска со максимален ефект на домашните екипи, откако Арсими го совлада Шкупи со 4-2, додека Тиквеш триумфираше над Македонија ЃП со 2-1.
Арсими сега има осум бодови со кои се искачи на седмото место на табелата, додека Шкупи го претрпе и осмиот последователен пораз и остана на последното место без освоен бод.
Место подолу од Арсими со идентичен број бодови е Тиквеш, додека Македонија ЃП остана на шестото место со девет бодови.
Утре на програмата се дуелите меѓу Шкендија – Силекс и Работнички – АП Брера, а прволигашкото коло в понеделник ќе биде комплетирано со дуелите Башкими – Вардар и Струга – Пелистер.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Членовите на УПОЗ ќе одлучат дали понудата на Владата е прифатлива
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Советот на јавни обвинители ги чека предлозите од Владата
-

Филипче: Да се зголеми минималната плата
-

Ѓорѓиевски: Скопје застанува на нозе
-

Кадровско зајакнување во КБ-ШТИП, со 60 нови вработувања
-

Ќе се реновира Ученичкиот дом во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
