-->
-->
ПЛО смета дека новиот израелски закон легализира кражба на палестинска земја
-->
Палестинската ослободителкна организација остро го критикуваше синоќа новиот израелски закон со кој се легализираат десетици еврејски населби на окупираниот Западен брег како „легализирана кражба“ на палестинска земја.
Законот покажува желба на израелската влада да уништи каква било шанса за политичко решение, наведува ПЛО во соопштение.
Тие тврдат дека изградбата на израелски населби негира мир и можност за решение за две држави.
Израел синоќа усвои закон за ретроактивна легализација на оклу 4.000 куќи изградени на приватно сопствеништво на Палестинци во окупираниот Западен брег. За законот што предизвика загриженост на меѓународната заедница и гнев на Палестинците во Кнесетот гласаа 60 пратеници додека против беа 52.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сончево и топло со слаб до умерен северен ветер
-
Македонските одбојкари поразени од Грција
-
Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина
-
Индија зaпочнa вoнредна инспекција на сите Бoинг 787 по смртoнoснатa aвионскa несреќa
-
Израелски дрон предизвика пожар на најголемото гасно поле во Иран
-
Синер: По загубениот трофеј на Ролан Гарос, ги посетив моите родители и играв пинг-понг со пријателите
-
Голем пожар во Дубаи: Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе
-
Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД