Плинска боца разнесе 82 лица

Бројот на жртвите од експлозијата на плинска боца во ресторан во градот Петлавад, во централната индиска држава Мадхија Прадеш се искачи на 82 лица, соопшти главниот медицински службеник во Јабуа округот, Арун Кумар Шарма.
- Обдукцијата на 60 тела е завршена, а уште 22 се на чекање, додека повредени се околу 100 лица, рече тој.
Ресторанот, кој се наоѓа во близина на автобуската станица во градот, бил преполн кога експлодирала боцата. До експлозијата дошло околу 8:30 по локално време, во момент кога во ресторанот појадувале голем број работници и ученици, соопшти полициската службеничка Сима Алава, пренесува Танјуг.
Таа дополни дека од експлозијата урната е и блиската зграда, додека неколку се оштетени. Бидејќи ресторанот се наоѓал во близина на место каде се држи експлозив кој се користи во градежната индустрија, дојде до уште една експлозија, во која исто така имаше загинати лица.
Петлавад е на 300 километри западно од државната престолнина Бопал.
Ново на Сител
-

Шакира одржа бесплатен концерт на Копакабана пред два милиони луѓе
-

НБА: Филаделфија полуфиналист на Истокот
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија
-

Санкционирани 113 возачи на мотоцикл во акциска контрола на СВР Скопје
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, сите патни правци се проодни
-

Захарова: ОН и УНЕСКО да не ја „ставаат главата во песок“ пред злосторствата на Киев
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Трамп го разгледува новиот предлог од Иран
