Пленковиќ најави можност за олеснување на мерките од 1 март
Хратскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска ја најави можноста од 1 март да дојде до олеснување на епидемиолошките мерки во земјата, барем кога станува збор за отворање на терасите и градините на угостителските објекти и спортските сали.
Премиерот прецизираше дека Националниот штаб за оваа идеја ќе дебатира уште утре, но, исто така, посочи дека тоа ќе биде добро, доколку се спроведе со соодветни епидемиолошки мерки.
-Ќе биде можно да се одржуваат тренинзи во затворен простор. Ќе има некои специфики во однос на контактните спортови, рече Пленковиќ на отворениот дел од владината седница.
Премиерот притоа апелираше до граѓаните премногу да не се олабавуваат затоа што, како што рече, доколку се влоши епидемиолошката состојба, секогаш може да се преземат порестриктивни мерки.
-Се обидуваме да ги зачуваме здравјето, економијата, стабилноста, платите, пензиите и работните места, рече Пленкоивиќ, кој олеснувањето на епидемиолошките мерки го најави и покрај зголемениот број нови инфекции во земјата во последните неколку дена.
Ново на Сител
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
-

Пронајдена дрога при претрес во Гостивар
-

НБА: Прва титула за Њујорк по пауза од 53 години
-

ИДФ повикаа на евакуација на 29 села и градови во јужен Либан, пред нападите врз Хезболах
