Пленковиќ: На самитот во Загреб имаме амбиција да се почнат преговори со Македонија и Албанија
На самитот во Загреб имаме амбиција и јасна цел – да се почнат преговори со Македонија и со Албанија пред мај. Ова го нагласи денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
– Ние ќе инсистираме на тоа. Ние одиме амбициозно кон самитот во Загреб, со јасна цел да почнат преговори со Македонија и Албанија пред мај, нагласи Пленковиќ.
Според него, искуството на Хрватска зборува дека кога се преговара не се гледа веднаш следниот чекор – економско управување, што, забележува тој, во моментов не е доволно видливо во преговорите за пристапување.
Хрватскиот премиер потенцира дека од Самитот ЕУ-Западен Балкан во Загреб следниот мај има желба за испраќање на две важни пораки – да се направат состаноците на самитот да бидат „системски“ и да се направи се што е во методологијата за пристапување во Унијата за да таа биде појасна и со поголем поттик за земјите-кандидатки.
Пленковиќ, исто така, се залага за „системски дијалог“ на ниво на шефови на држави и влади, потсетувајќи дека „од самитот во Загреб во 2000 година и потоа во Солун во 2003 година следува 15 години пауза – до 2018 година и самитот во Софија. Следува во Загреб во 2020 година“.
– Сакаме барем секои две години да бидеме во полн состав – членки на Унијата и земјите кандидати. Ова е политички многу важно, затоа што тука доаѓа поттикот за чекори напред, кон реформите и европска перспектива, рече Пленковиќ.
На прашањето каков модел на проширување фаворизира, Пленковиќ одговори дека станува збор за „хрватски модел“, односно постои член 49 од Договорот на ЕУ, врз основа на кој сите европски земји можат да станат членки.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен