Пленковиќ ги претстави четирите приоритети на хрватското претседавање со ЕУ

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска ги претстави четирите клучни приоритети на хрватското претседавање со Европска Унија, при тоа потенцирајќи оти ќе се залага за европска перспектива на земјите од регионот и за делотворна политика на проширување.
Тој приоритетите ги дефинира како „Европа која расте и која се развива, Европа која спојува, економски, енергетски и инфраструктурно, Европа која штити и Европа која е влијателна на глобален план“.
Пленковиќ посочи и дека во време на големи технолошки, геополитички и демографски промени на економијата и на пазарот на труд, ЕУ се соочува со се поголема конкуренција, посебно од Кина и од САД.
Тој се осврна и на развивање на еколошки одржлива економија што би придонела за подобра заштита на животната средина и борбата против климатските промени.
Пленковиќ зборувајќи за ЕУ и нејзиното влијание на глобален план истакна дека Хрватска и другите земји-членки најдобро можат да се носат со предизвиците на 21 век по пат на европско заедништво.
– Улогата на ЕУ како глобален фактор можеме да ја зацврстиме само со понатамошен развој на способностите и инструментите за заедничко дејствување во соочувањата со предизвиците како што е тероризмот, трговските војни или миграцијата – посочи Пленковиќ.
Тој додаде дека Европа мора да има „предводничка улога“ во своето соседство и во светот.
– Сакаме Унијата да го задржи местото на водечки меѓународен фактор, посебно на водството во борба против климатските промени, промоција на ефикасно глобално управување, заштита на човековите права и јакнење на мултилатералната трговска рамка – истакна Пленковиќ.
Хрватска ќе претседава со ЕУ од 1 јануари до 1 јули идната година, а следниот мај ќе биде домаќин на Самитот на ЕУ и земјите од Западен Балкан.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Не 7 дена, ќе седиме тука додека не се реши проблемот, велат транспортерите кои ги блокираат границите
-

Што треба да поседува новиот државен јавен обвинител?
-

Собранието утре гласа за нови членови на КЗСД - граѓанскиот сектор обвинува за партизација на институцијата
-

Мицкоски до Ахмети за тет-а-тет средба - ќе се видиме, некогаш!
-

СДСМ: Жена му на газдата имала заедничка фирма со татко му на Нелоски
-

ССМ утре на протест ќе бара зголемување на платите за 6.000 денари
-

Седум компании покажале интерес за инвестирање во дата центри
