-->
-->
Плеј оф: Вардар гостува во Автокоманда
-->
Ракометарите на Вардар шампионската титула можат да ја одбраната ако уште денеска постигнат победа на гостувањето кај Металург во салата Автокоманда. Па исто како и колешките од женскиот тим стар-нов шампион да станат на неколку кола до крајот.
Овие два тима последните сезони водеа големи борби на дуелите во македонското првенство, СЕХА лигата и во Лигата на шампионите, но оваа сезона Вардар е апсолутен фаворит.
Сепак првиот дуел годинава заврши со победа на „црвено-црните“ од 26:22, додека во финалето на Купот на Македонија беше 31:24.
Покрај натпреварот Металург - Вардар попладнево од 18 часот играат и Макс Струмица - Охрид, а утре се игра дуелот Работнички - Прилеп.
Табела: Вардар 21 бод, Металург 18, Макс Струмица 12. Прилеп 9, Охрид 3, Работнички 0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп го прогласува англискиот за службен јазик во САД
-
Физички нападнат 23-годишник од Илинден пред ноќен клуб
-
Татко и син физички се пресметале со сосед во скопски Аеродром
-
На сила си го зел возилото што му било подигнато од шлеп-служба: Кривична против стружанец
-
Наставничка во основно училиште во Шуто Оризари нападната од родителите на ученичка
-
Поскапува парното за 2.500 корисници на ЕСМ Енергетика и Скопје Север
-
Променливо облачно, со магла и повремен локален дожд
-
Вучиќ: Верувам дека во следните 40 дена ќе биде избрана новата влада фокусирана на економијата