-->
-->
Плеј оф: Куманово по втора, а МЗТ Скопје по прва победа
-->
Кошаркарите на Куманово вечер од 19 часот и 30 минути го пречекуваат МЗТ Скопје Аеродром во вториот натпревар од финалната серија на плеј-офот.
Бранителот на титулата, МЗТ Скопје по неочекуваниот пораз на домашен паркет, сега на дуелот во Куманово е без право на грeшка, бидејќи во спротивно со втор пораз би се довел во скоро невозможна позиција за одбрана на шампионскиот трофеј.
Во средата во Јане Сандански мотивираните кошаркари на Куманово предводени од Бојан Трајковски славеа минимална, но многу значајна победа од 87:84 и поведоа со 1-0 во финалната серија до три добиени средби.
Куманово се надева дека со поддршка од навивачите ќе го потврдат брејкот и ќе стигнат до втор триумф.
Ниту една екипа во историјата на македонската кошарка не успеала да се врати по 0-2, па затоа вечерашниот дуел се очекува со голем интерес и може да биде решавачки за крајниот победник.
МЗТ Скопје Аеродром има четири шампионски титули, сите освоени во последните четири сезони, додека Куманово се уште нема шампионски трофеј
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Одложен судскиот процес за судењето на Раде Трајковски - Штекли
-
Дојран оваа сезона очекува 150 000 ноќевања
-
Преглед на вестите од светот
-
Докторка уапсена за поткуп
-
Тема на денот со професорот Лазар Јовески
-
Нема вода во делови од Скопје, Водовод алармира за енормна потрошувачка
-
Истражните органи бараат докази за дивоградби во Чаир, Сарај, Кисела Вода и Аеродром
-
Поради дивоградбите, Ганиу може да ја изгуби поддршката на Вреди за нов мандат