„Плати со поезија“ на десет локации во Македонија
Денот на поезијата - 21 Март оваа година по четврти пат ќе се одбележи со настанот „Плати со поезија“ во Скопје и во Велес. Сите што ќе напишат стих или песна може да се напијат кафе или чај во локалите што се вклучени во акцијата.
Настанот се одржува во десетици земји во организација на виенскиот произведувач на кафе и чај Јулиус Мајнл, со цел да се поттикне пишувањето поезија.
„Плати со поезија“ на 21 март ќе се одржи во девет локали во Скопје (Лофт, Ревија, Наргиле, Фонтана, Дион, Центар бар, Баду бар, Џуси бар, Сквер21) и во Чао кафе во Велес.
- Оваа година за разлика од минатото, движењето презеде еден чекор повеќе и на меѓународно ниво Јулиус Мајнл сака да докаже дека поезијата е духот на музиката, која е универзалниот јазик. Затоа Јулиус Мајнл заедно со познатиот музичар ЈП Купер ќе создадат песна која ќе ги поттикне поетите од цел свет, соопштија организаторите.
Ново на Сител
-
Загина 52-годишно лице откако со мотоцикл удрил во паркирано возило
-
Турчин пронајден мртов во хотел на Бит Пазар
-
Неготинец тешко повреден при пад од мопед
-
Приведени кавадарчани за непочитување полициски наредби на фудбалски натпревар
-
Трамп: Путин и Зеленски ќе организираат состанок за прекин на огнот во Украина
-
Орбан: Светот е побезбедно место по самитот Трамп-Путин
-
Приведен кумановец, возел со 3,43 промили алкохол во крвта
-
Од утре попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи