Плановите на специјалниот обвинител доставени до Советот, Владата и Собранието

Општиот работен, персоналниот и финансовиот план на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, денеска се доставени до Советот на јавни обвинители, Владата и Собранието на Република Македонија.
- Плановите до Собранието се доставени на известување, додека до Владата и до Советот на јавните обвинители се доставени на имплементација. Како што веќе беше споменато, изразувам очекување Советот за јавни обвинители да ги имплементира плановите и да ги избере јавните обвинители предложени од моја страна, соопшти денеска кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева.
Плановите, како што се посочува во соопштението, се направени врз основа на анализа на досега достапните податоци за предметите, очекувањата за прилив на нови предмети, како и реалните потреби за обезбедување на независност и автономност во работењето на Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
-

Внимавајте со храната и алкохолот за новогодишната ноќ
-

Половина буџет оди во чинија: Македонецот изел 170 килограми леб, а само килограм и пол цреши
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
