Бизнис
12. September 2018 - 14:07

Планирано исклучување на Блок 1 во РЕК Битола

Во текот на денот ќе се изврши планирано исклучување на Блок 1 поради превентивна проверка и отстранување на помали дефекти, како и за зајакнување на оперативноста на блокот, информира АД „Електрани на Македонија“, Подружница РЕК Битола.

Оттаму нагласуваат дека РЕК Битола ќе го продолжи континуираното производството на електрична енергија преку Блок 2.

- АД ЕЛЕМ во моментов произведува електрична енергија според планот и според потребите на тарифните потрошувачи, а исто така врши и продажба на вишоци електрична енергија, така што сите зафати на производствените капацитети се пресметани во планот за производство, велат од РЕК Битола.