Македонија
2. November 2015 - 8:33

Планински филмски фестивал „Ехо“

На три локации во Скопје -  во кино „Милениум“, во кино „Фросина“ и во Џебно кино при Младинскиот културен центар (МКЦ), од денеска до 5 ноември ќе биде одржано шестото издание на Планинскиот филмски фестивал „Ехо“.

На најголемиот културен настан кој ја слави природата и планините, како што најавија организаторите, ќе бидат прикажани триесетина филмови од автори од 10 земји.

 

Покрај филмовите, втора година по ред, се организира и конкурс за најдобро видео на кој аплицираа 20-тина автори, а по прв пат и фотоконкурс на кој се пријавија 130 автори со 330 фотографии.

Фестивалот, наменет за планинарите, алпинистите и вљубениците на планината, ќе заврши со прогласување на најдобриот филм и на победниците на конкурсите за најдобро видео и најдобра планинска фотографија. са/сст/07:51