Планинската спасителна служба Охрид: Внимателно на планините викендов

Сите љубители на планините и снежните авантури да внимаваат на повисоките планини поради најавите за континуирани врнежи од снег проследени со умерен до засилен ветар за продолжениот викенд, што значително ќе влијае на видливоста и навигацијата во високите зони, предупредува Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид.
Според информацијата, особено да бидат внимателни оние кои планираат да го посетат Национален парк Галичица, преку регионалниот пат Охрид – Отешево, кој токму поради својата експозиција и надморска висина е затворен за сообраќај.
-Превојот на овој патен правец е целосно непрооден со навеви од снег поголеми од два метра настанати уште со претходните снежни врнежи, а во претстојните денови се очекува значително влошување на ваквата состојба, стои во предупредувањето на Планинската спасителна служба.
Поради лошите метео услови најавени за викендов, информираат дека нема да да биде отворена за посетители ниту планинската куќа „Спиридон“ на Галичица.
-До оние најупорните, апелираме да бидат особено внимателни во планирањето на своите активности, строго да се придржуваат до правилата за безбедност во зимски услови на планина и доколку не се соодветно подготвени и опремени, да ги одложат за некој следен викенд. Зимата календарски сеуште не е почната и веруваме дака ќе има многу убави денови за уживање во снежните авантури, во многу попријатни метеоролошки услови од овие кои се предвидуваат за претстојниот викенд, велат од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид.
И Националниот парк „Галичица“ потсетува дека патот Охрид - Ресен низ Галичица е затворен за сите видови сообраќај поради зимските услови.
-Одлуката е со цел да се спречат потенцијални штети на патната инфраструктура и да се осигура безбедноста на посетителите. Тимот на Националниот парк Галичица ве потсетува да ги планирате вашите активности во природата во согласност со зимските ограничувања, стои во објавата на НП „Галичица“.
Ново на Сител
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
-

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево со одлична динамика
-

Јавна дискусија на законот за трансплантација во Велес
-

Преглед на вестите од светот
-

Мистериозна бела пена во Вардар: Дрон и инспектори во потрага по загадувачот
-

Тема на денот со Марија Андоновска директорка на Институтот за јавно здравје
-

Комисија за заразни болести - по црвените инфекции може да се појави и жолтица во Гостивар
