Плач го параше небото: И по година дена болката по актерот не поминува
Денеска се навршува година од прераното заминување на младиот српски актер Маринко Маџгаљ.
Семејството, пријателите и колегите се собраа пред вечната куќа на актерот за да му оддадат почит и да запалат свеќи. На сите им е тешко и не можат да се помират со загубата.
Покрај неутешните родители, пред неговата вечна куќа стоеја и неговите колеги од театарот: Андрија Милошевиќ, Слобода Мичаловиќ, Јелена Ѓокиќ, Огњен и Данијела Амиџиќ, Тамара Крцуновиќ и други.
Мајка во еден момент почна да го довикува синот и сите се расплакаа.
Мајката на Маринко Маџгаљ Мирјана ниту година дена по неговата смрт не може да се помири со фактот дека синот и почина.
Поранешната сопруга на актерот Дубравка Мијатовиќ речиси секојдневно ја води својата осумгодишна ќерка Сара кај бабата за да и помогне да ја преброди загубата на синот.
Ново на Сител
-

Најстудено во Берово, највисока снежна покривка на Попова Шапка
-

СДСМ го одржува 31. Конгрес
-

Снежна бура во делови од Тексас, Оклахома и Канзас и на источниот брег на САД
-

Магла со видливост од 30 до 150 метри на повеќе патни правци
-

НАТО планира значително да го зголеми оружјето и муницијата на своето источно крило
-

Заврши првата рунда преговори меѓу Украина и Русија со посредство на САД во Абу Даби
-

Утринска магла, а потоа повремен дожд и снег
-

„Безбеден град“ стартува на 1 февруари, Тошковски ги обвини СДСМ и ДУИ дека ги ставиле партиските калкулации над човечките животи




