Пјонгјанг потврди дека тестирал нов вид ракета

Северна Кореја утрово успешно тестираше нов вид балистичка ракета лансирана од подморница, објави државната новинска агенција КЦНА.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун им честиташе на оние кои успешно го спроведоа тестирањето на новиот вид ракета наречена „Пукгуксонг-3“, соопшти агенцијата, додавајќи дека Ким не присуствувал на лансирањето.
Северна Кореја лансираше најмалку една ракета од источниот брег, а Јужна Кореја соопшти дека ракетата најверојатно е лансирана од подморница.
Ова се случува еден ден откако беше објавено дека Северна Кореја ќе ги продолжи преговорите со САД за укинување на својата нуклеарна програма.
Јужнокорејските власти соопштија дека една ракета паднала во Јапонската ексклузивна економска зона (ЕЕЗ) и нема податоци дека влијаела на воздушниот или морскиот сообраќај.
Ново на Сител
-

Антикорупциска добива нов претседател на местото на Татјана Димитровска
-

Министерот Алиу презентираше анализи за застапеноста на кадрот во овој сектор
-

Општините се фузираат за да превенираат пожари на отворено
-

Регионалниот развој, врвен приоритет за општините од Југоистокот
-

Преглед на вестите од светот
-

Генералниот секретар на ДКСК фаворит за нов претседател на Антикорупциска
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, кандидат за судија во Стразбур
-

Бизнис форум за поголема економска соработка меѓу Македонија и Тајван
