Македонија
15. July 2017 - 18:30
Пиво Фест собра илјадници туристи
Веќе три дена илјадници посетители како река се слеваат во градот под Марковите Кули, каде во една еуфорична атмосфера, преполна со позитивна енергија, 24 часа се слави пивото. Во градот, на +40 врие како во кошница, но, затоа, особено е пријатно во Кампингот на Могилата, во чија близина, деновиве е отворен и првиот “Аква парк” во Прилеп.Таму се стационирани авантуристички настроените гости, домашни и странски, кои од година во година ги има се повеќе.
Синоќешаната, втора фестивалска вечер, пак, со настапот на: “Дон Минот и Конкваеринг лион” и “Нокаут”, а особено со настапот на ѕвездата на вечерта, некогашниот фронтмен на култните групи “Бјело Дугме” и “Дивље јагоде”, Ален Исламовиќ, предизвика вистински делириум кај многуилјадната публика која повеќе од два часа пееше заедно со него.
Вечерва Фестивалот влегува во својата кулминација. За настапот на: Елена Велеска, на Анабела, а особено на Харис Џиновиќ, органиизаторите очекуваат пубилка која ќе се брои во повеќе десетици илјади. Фестивалот завршува утревечер со настапите на: “Тајфата”, на “Аѓушеви” и на Северина.
-
Каролина Дурло
Сите содржини од овој новинар
-->
-->