Писмо од Заев до амбасадорите

Лидерот на СДСМ Зоран Заев испрати писмо до амбасадорите гаранти на договорот од Пржино.
Во писмото, како што соопштуваат од СДСМ, се истакнува искрената посветеност на СДСМ за градење амбиент за слободни, фер и демократски избори во усогласениот датум 11 декември 2016 година, но и загриженост дека другата страна има поинакви намери и работи против изборите.
Во писмото е наведено и однесувањето на владеачкото мнозинство во однос на поднесувањето на предлогот за усвојување на Буџет за 2017 година.
- Остануваме со убедување, дека е неопходно да продолжи позитивниот процес на градење доверба за одговорно политичко ангажирање во пресрет на вонредните парламентарни избори на 11 декември 2016 година – како неопходен исчекор кон надминување на постојната политичка криза и градење на демократски амбиент во држвата“, се вели во писмото на Заев до амбасадорите.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Швајцарскиот премиер за надворешни работи во Скопје
-

Врнежите ги подобрија условите за есенската сеидба во Овче Поле
-

Преглед на вестите од светот
-

Ученик активирал солзавец за време на час
-

Teма на денот со Тимчо Муцунски
-

Рокас: Овој извештај е подобар од претходниот, Мицкоски бара фер европски процес
-

МВР: Првата пријава за насилство од 17-годишната девојка од Богданци била на 30 септември
