-->
-->
Пирова победа за „милионерите“, се повреди голманот
-->
Борусија Дортмунд, во дербито на 11.коло во саботата го победи Баерн 1:0, но на најмалку два месеци го загуби голманот Роман Бурки, кој против Баварците имаше неколку добри интервенции.
Борусија го победи Баерн со голот на Обамајанг, но сенка на големата победа фрли повредата на голманот Бурки.
Швајцарскиот репрезентативец, како што објави клубот, ја скршил раката, без да прецизира како и кога тоа се случило, бидејќи тој бранеше во текот на целиот натпревар.
Лекарскиот тим на Борусија објави дека Бурки ќе мора да биде опериран и дека најмалку два месеци ќе отсуствува од терените.
Без првиот голман, екипата на Борусија ќе одигра неколку важни натпревари во Бундеслигата (Ајнтрахт и Хофенхајм), но и во Лигата на шампионите (Реал Мадрид).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении
-
ДЗС: Во земјава нема активни пожари
-
Кина и Русија започнаа заеднички поморски вежби во Јапонското Море
-
Се очекува во Појасот Газа да влезат два камиона со вкупно 107 тони дизел
-
Израел останува закана за Иран, вели командантот на иранските вооружени сили Хатами
-
Словенечкиот тим од 61 пожарникар заминува од земјава, утре чешкиот „Блек Хок“
-
Тешко повреден мотоциклист во кавадаречко