-->
-->
Пирло пред враќање во Јувентус
-->

Светскиот шампион со Италија од 2006 година, Андреа Пирло преговара со својот поранешен клуб Јувентус, за да застане на чело на резервниот тим до 23 години, тврди „Кориере дела Сера“.
Идејата е 39-годишниот Италијанец да го преземе тимот од следната сезона, бидејќи актуелниот тренер Мауро Цинкорели не успева да се справи добро со своите обврски да го внесе тимот во Серија „Ц“.
Во моментов Пирло работи како аналитичар на фудбалските натпревари во етерот на „Скај Спорт Италија“, но веќе помина курсеви за соодветните тренерски лиценци.
Тој има четири сезони во дресот на „бјанконерите“, во кои освои седум трофеи, меѓу кои четири титули во Серија „А“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
-

Во Босилово одржан 68-миот државен натпревар за трактористи
-

Преглед на вестите од светот
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
