-->
-->
Пипан: Кога правиме измени, играта паѓа
-->
Тренерот на македонскиот кошаркарски шампион Алеш Пипан изрази задоволство од победата над Игокеа, но нагласи дека неговите играчи не смеат да му дозволат на противникот резултатски да се враќа по голема негатива како што тоа беше случај на претходните два дуела, а истото се случи и на вчерашната средба.
- Честитки на моите играчи за заслужената победа против силен тим како што е Игокеа. Сепак, ни се повтори истото од претходните две средби. Имавме големо водство затоа што три четвртини одигравме според договорот, а тогаш пад во играта. Знам зoшто е тоа така и на следните мечеви тоа треба да го спречиме. Ние немаме 12 играчи кои се на исто ниво, па кога менуваме играта паѓа. Исто така противниците знаат дека останавме со еден плејмејкер, кој исто така не е целосно залечен, па постојано ни играат пресинг. А, тогаш, некои од играчите излегуваат од концептот, сакаат сами да решаваат во одредени моменти и доаѓаме во тешка ситуација. Како и да е, сега полесно се дише, а веќе на натпреварот со Сутјеска ќе се обидеме да ги вратиме изгубените бодови од натпреварите со Партизан и Мега Лекс, истакна Пипан, на прес-конференцијата по победата над Игокеа.
МЗТ Скопје Аеродром победи со 75:70, а на полувреме водеше со 48:29.
Следниот дуел за МЗТ Скопје е в недела во Никшиќ против Сутјеска во 6.коло од АБА лигата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%
-
A1 со нови услуги за клиентите го прославува 6 роденден