ПИОМ се правда, МТСО поднесе кривична пријава за скандалот со парите на осигурнеиците од вториот столб
Фондот за пензиско контра министертвото за труд и социјала. Од таму признаваат дека има нераспределените пари за осигуреници во вториот столб, но се правдаат дека тоа се случило заради административни причини.
Министерката Царовска вчера обвини дека 19 милиони евра не биле распределни на сметките на 12.000 осигуиреници од вториот столб. Од ПИОМ велат за 4000 од овие немало ни што да се распредели затоа што биле само пријавени. Придонеси не им биле уплатувани.
За нив е евидентиран само прием во осигурување и за нив нема последици во однос на сметката во вториот столб бидејки немало уплати на придонес. Мора да се потенцира дека сите нераспределни осигуреници во вториот столб, се евидентирани како осигуреници членови само на првиот столб и нивните уплати на придонесот се користени за потребите на Фондот, како што се користи и придонесот кај останатите осигуреници кои според законската регулатива се членови само на првиот столб, се вели во допсиот од ПИОМ
Царовска вчера рече дека најголем дел од нераспределните средства се во приодот 2009 и 2010. Од ПИОМ велат дека ова не е точно, се работело за периодот од 2003 до 2007.
Од друга страна, Министерството за труд и социјална политика денеска до Основното Јавно обвинителство достави кривична пријава против непознат сторител.
На приватните пензиски друштва ќе им биде исплатена сума од 19 милиони евра обезбедени од од Буџетот на РМ. Овие средства ќе бидат распределени на оштетените осигуреници, односно на секој по околу 400.000 денари, се вели во дописот од труд.
Од Мапас пак инситуцијата која ја конторилра работата на пензиските друштва не одговорија како досега не забележале неправилности и велат дека ќе соработуваат во истрагата за да се реши проблемот до крај.
-

Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар
