Пикси пред промоција во нов селектор на Србија
Еден од најдобрите српски фудбалери на сите времиња Драган Стојковиќ – Пикси ќе биде нов селектор на Србија, објави денеска белградскиот весник „Вечерње новости“.
Весникот наведе дека Пикси веќе постигнал договор со Фудбалската федерација на Србија за годишна плата од еден милион евра и ќе го предводи националниот тим во квалификациите за пласман на Мундијалот во Катар.
Србија е без селектор од средината на минатиот месец по оставката на Славиша Тумбаковиќ.
„Википедија“ веќе ја обнови биографијата на Пикси, назначувајќи ја селекторската должност на клупата на Србија како негов трет тренерски ангажман во кариерата, по јапонска Нагоја и кинески Гуангжу.
Во својата играчката кариера, поранешниот југословенски репрезентативец со успех го носеше дресот на Црвена ѕвезда и Олимпик Марсеј.
Ново на Сител
-

Најмалку 555 мртви во Иран по израелско-американските напади
-

Поскапуваат бензините
-

Иран напаѓа цели во Ерусалим, Израел возвраќа со „широк напад“ врз Техеран
-

Бандера за улично осветлување закана за жители на Драчево | ВИДЕО
-

Над 400 македонски државјани побарале евакуација од Блискиот исток
-

Институтот за класични студии на УКИМ бара латинскиот јазик да биде една година задолжителен за сите гимназијалци
-

Генералниот секретар на НАТО, Руте, утре во официјална посета на земјава
-

Хотелите во Дубаи бесплатно им го продолжуваат престојот на заглавените туристи
