-->
-->
Пике останува „Шпанец“, реакција на Рамос!
-->

Претседателот на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ), Хуан Луис Лареа, инсистира дека Џерард Пике нема да биде исфрлен од шпанскиот тим за последните два натпревара од квалификациите за СП во Русија и покрај тоа што навивачите се свртеа против него поради поддршката за каталонската независност.
Пике никогаш не ја криел желбата за независна Каталонија и гласаше на контроверзниот референдум критикувајќи ја полициската бруталност.
„Пике нема да си замине доколку не се повреди. Атмосферата во тимот е нормална, а печатот сака да измислува работи“, вели Лареа.
Сепак, шпанските медиуми тврдат дека главниот конфликт е со неговиот колега од одбраната, капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос. Минатата недела Рамос изјави дека Пике како да сака да биде навредуван од шпанските фанови, а сега весникот „Ас “тврди дека шпанската федерација побарала тој да не дава изјави за новинарите поради стравот да не каже нешто негативно за Пике.
Шпанија, која настапува во групата Г, во која е и Македонија, во моментот е лидер на групата со 3 поени повеќе од Италија. В петок Шпанците ја пречекуваат Албаниј, пред гостувањето во Израел в понеделник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува глобално – скок до 81 отсто во некои земји
-

Расчистено убиството во Виница, кривична за грчки државјанин, приведени вкупно четири лица
-

Кенеди: Трамп знае прецизно да ги нацрта границите на Блискиот Исток
-

Зеленски: Русија неделава употреби над 3.000 дронови и 1.450 авиобомби против Украина
-

Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
