Пикантерии за Меган Маркл изнесени во неодамна објавена книга

Љубовта помеѓу принцот Хари и глумицата Меган Маркл би можела да биде ставена на испит откако нејзината полусестра Саманта Грант објави книга, во која таа опишува како било да се живее со неа и секако, изнесува пикантерии од нивниот приватен животот.
Меган наводно никогаш на своето семејство не му пружила поддршка, а во книгата е опишана како нарцисоидна и себична. Дополнително, таа уште како дете била фасцинирана од животот на британското кралско семејство и „сакала да стане принцеза“, односно „да се искачи високо на општествените скалила“, пишува „Дејли Меил“.
Саманта инаку, боледува од мултиплекс склероза и се движи со количка, а за книгата проговори и на социјалните мрежи.
- Можеби кога Меган ќе биде позрела и ќе ја чита книгава, ќе разбере што направила. Нема да и се допаднат некои работи што ќе ги прочита, напиша таа на Твитер.
Саманта и Меган не разговараат меѓу себе веќе девет години.
Ново на Сител
-

На Клинички ќе има четири вида на плаќање, а цените ќе ги одредува советот на Град Скопје
-

ССМ на блокада пред Стопанската комора
-

Мицкоски бара извинување од Трендафилов за навредите кон Стојаноска
-

Повластени тарифи за 60 производи
-

Преглед на вестите од светот
-

Работниците денеска го блокираат Сојузот на стопански комори
-

Кој се ќе биде опфатен со владината реконструкција?
-

Саит Саитов приведен во Србија, се чека негова екстрадиција
