Пијани тетовци лажно се претставувале како инспектори на МВР
Двајца жители на тетовско Старо Село биле приведени од тетовската полиција откако во видливо алкохолизирана состојба вооружени со пиштоли што нелегално ги поседувале и лажно претставувајќи се како инспектори во МВР побарале пијалоци и ги легитимирале гостите во угостителски објект во селото Копанце, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Лицата М.Ј.(68) и Д.С.(30), како што додаде Јосифовски, биле приведени околу два часот по полноќ, по што од М.Ј. бил одземен пиштол „Застава магнум 357“ со шест куршуми, а од Д.С. пиштол „Парабелум 9 милиметри“ со празна рамка што тие се обиделе да го фрлат под контејнер. Во нивното возило „Форд Ка“ со тетовски регистерски таблици пак биле пронајдени осум чаури од испукани проектили.
- Се што е пронајдено е фотодокументирано и со потврда е одземено за вештачење, додека двајцата се задржани и се работи на расветлување на случајот по што тие ќе се соочат со соодветни поднесоци, рече Јосифовски.
Ново на Сител
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
