-->
-->
Пијан возач усмрти тричлено семејство во Белград
-->

Според првите информации од истрагата, трагедијата ја предизвикал Никола Ѓ., 24-годишен државјанин на Босна и Херцеговина кој со голема брзина возејќи Ауди со регистарски таблички од БиХ, поминал на семафор со голема брзина и удрил директно во возилото на семејството. Во автомобилот бил придружуван од патник, исто така државјанин на Босна и Херцеговина.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека сообраќајката се случила синоќа, околу 00:50 часот во Нов Белград, при судир помеѓу два автомобила, марки „Ауди“ и „Хјундаи“, и притоа загинале три лица.
Возачот е уапсен и утврдено е дека го управувал возилото под дејство на алкохол во организмот од 1,17 промили“, изјави Дачиќ, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
