Пијан, растроен и депресивен: Млад тетовец предизвика страв и паника, испукал 100 куршуми во својот двор

Вчера околу 20,00 часот во с.Сараќино-Тетово, П.П. (1985) во дворот на семејната куќа на неговиот татко Р.Ш., во алкохолизирана состојба, а по негово кажување и од лични причини односно револтираност и депресивност испукал околу 100 куршуми во неодреден правец од пиштол марка „Црвена застава„ Крагуевац калибар 9мм долга деветка, кој го поседувал без одобрение.
Увид на лице место е извршен од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи -Тетово, при што во тревникот од дворот и кај просторот на влезот од приземјето на повеќе локации пронајдени се 50 чаури калибар 9 мм долга деветка пиштолска муниција, додека во дневната соба од приземјето, пронајден е еден куршум кал.9 мм долга деветка, како и пиштол кој по посочување на осомничениот е пронајден во внатрешноста од сунѓераст наслон на двосед од гарнитура.
Од рацете на осомничениот обезбедени се фолии за барутен тест, како и комплет од крв и урина, истиот е лишен од слобода и задржан во просториите на СВР-Тетово за расчистување на случајот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Поплави во југозападна Македонија – Жителите најавуваат тужби за штетите
-

Тема на денот со Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците
-

Три години казна затвор за Асани во случајот со Веапоска
-

Мицкоски од Тирана: Планот за раст е повеќе од иницијатива, тој е заложба за вистинска промена
-

Одреден куќен притвор за двајца даночни инспектори, Обвинителството најави жалба
-

Адем Чучуљ е кандидат за претседател на ДКСК
-

На 28 ноември пресуда за моторџијата кој го прегази дедо Jуго
-

Во здравството во Македонија работат 32.383 лица – Има повеќе од двојно гинеколози од анестезиолози
